Вечерва од 20:00 часот, во „Котур“ ќе биде прикажана театарска претстава „Казабалкан“ од Горан Стефановски, а во режија на Дамјан Костовски)
Претставата се бави со обичниот човек кој не по своја вина повторно се наоѓа на тенката линија помеѓу животот и смртта. Оваа претстава, на духовит начин ги отвара мрачните страни на човековата судбина и последиците од војната.
Актерска екипа: Мирјана Трпковска, Васко Костовски, Саша Димитриевска, Горан Ников, Владимир Петровиќ, Христијан Поп-Симонов, Марина Поп Панкова, Јана Вељановска и Теоман Максут.
Сценографија и костимографија: Екатерина Добривојевска и Екатерина Николовска.
Композитор: Бојан Филиповски