Skip to main content

Свечено отворање на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“ во „Јуроп хаус“

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете и Амбасадата на Сојузна Република Германија имаат чест да ве поканат на свеченото отворање на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“, кое ќе се одржи во вторник, 30 септември 2025, од 10 часот, во просториите на Europe House – Скопје (ул. Св. Кирил и Методиј, бр. 52-б)

Настанот ќе го отворат Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција и Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија. На отворањето збор ќе земат и Катарина Оствалд-Рихтер, директорка на Гете-институтот и Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје.

На отворањето на овој проект, заснован на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, ќе биде претставен проектот кој има за цел стимулирање на креативноста кај младите, промовирање на историското наследство на Скопската чаршија и предлог креативни решенија за сочувавање на културното наследство во иднината.

Токму на отворањето, коешто воедно е и прв работен ден, учество ќе земат аниматорите и учесниците на секоја работилнница, а секој ментор ќе ги престави активностите кои следуваат во текот на наредните денови. Предвидени се и видео работилници, работилници за фотографија, работилници по историја, работилници по книжевност и работилници со по архитектура, а учество земаат студенти од различни факултети во Скопје.

Аниматори на работилниците се реномирани артисти, режисери и професори меѓу кои: Леонор Мерсие (Франција), режисерка и аниматорка на видео работилницата, писателката Аријан Жус (Франција), која ќе ја води книжевната работилница, фотографот Хајнрих Холтгрев (Германија), аниматор на фото работилницата, како и г-ѓа Даниела Николова, историчар, советничка и кустос, во менторка на историската работилница, и проф. д-р Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје и аниматорка на архитектонската работилница;

Проектот се затвора в сабота, 4 октомври 2025, во 20:00 часот во Сули ан, како дел од програмата на Бела ноќ, во форма на мултимедијален спектакл и презентација на разултатите од страна на учесниците.

По презентациите, од 21:30, следи концерт на електронска музика ПАРИЗ-БЕРЛИН-СКОПЈЕ. Диџеј сетови ќе имаат диџеј Дарко Јорданов (Скопје), диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз), во знак на затворање на проектот.

Овие два настана, дел од скопскката Бела ноќ, се отворени за сите посетители.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis