Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе го одбележи со изведба на претставата „Чудесниот напиток” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“.
Во претстваата играат: Хари- Бобан Алексоски, Хермиона, Валдена- Надица Петрова, Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски, Волдеморд- Тодор Стојковски – (глас) и Професорката Меконакен- Ванеса Тримчевска – (глас).
Претставата говори за младиот волшебник. Хари Потер заедно со неговите другари го наоѓаат познатиот чудесен напиток што го има оставено познатиот волшебник Гринимор. Чудесниот напиток има и упатство за употреба, а тоа е книга со загатки кои треба да се одгатнат. Се појавува лошата магепсничка Валдена која безмилосно ги напаѓа и им ја зема книгата со упатството. Потоа се појавува и самиот создател на напитокот, волшебникот Гринимор кој ги предупредува дека кога ке го отворат шишето ке им се појави и дел од духот на најголемиот , но нацрниот волшебник кој се враќа од мртвите, лошиот Волдеморд. Ова е интерактивна театарска претстава за деца од 3 до 11 годишна возраст, поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува лубовта, другарството и вербата како наголеми сили и моќи на човештвото.

Македонски



