
Со премиера на претставата „Госпоѓа министерка“ во четврток вечер на големата сцена на Тетатарот„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе започне четвртото издание на Театарскиот фестивал 5 РЕ посветен и во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко родум од Велес.
Годинава освен од земјава за првпат ќе учествуваат и театари од Србија и Црна Гора. На затворањето на фестивалот, на 16 април, за првпат ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка улога, за најдобра претстава и најдобра режија, а наградата е плакета со ликот на Петре Прличко и благодарница.
Фестивалот го организира Зружението „Плус публика“, а го финансира Општина Велес и Министерството за култура и туризам.
Организаторите и од Општина Велес на денешната прес-конференција изразија жалење за трагедијата во Кочани и починатите 59 млади,а воено посакаа побрзо закрепнување на сите кои се на лекување во болниците во земјава и странство.
Синиша Ефтимов режисерот на претставата „Госпоѓа министерка“ со која ќе започне фестивалот 5 РЕ и воедно ќе се одбележи 27 март светскиот Ден на театарот, а воедно и претставата во која госпоѓа министерка ја игра актерката Зорица Панчиќ која годинава одбележува 30 години театарска дејност и работи во велешкиот театар.
Ефтимов потсети дека станува збор за едно од најпознатите дела на Бранисав Нушиќ, едно класично дело, како што е „Госпоѓа министерка“, но оваа министерка која ќе се игра во оваа претстава е една современа министерка што се случува во некое денешно време во кое не е неопходно ниту нашето време ниту нашиот простор туку некој паралелен универзум. Во оваа претстава најверојатно сите ќе се препознаеме себеси, со сите наши маани и доблести, премрежија и предизвици во живеењето во едно современо живеење.
Нушиќ е болно прцизен и тоа што е најстрашно околу неговите текстови се напишани многу одамна се уште модерно резонираат во денешното современие. Се уште можат да се препознаат сите ликови кои се појавуваат на сцена кои постоеле и порано постојат и некогаш и тоа покажува не многу добри зборови за начинот на кој еволуираме како цивилизација. Не зборувам само за нашата држава, зборувам воопшто за планетата Земја. Во овие 100 години не сме успеале да научиме од нашите грешки и се уште се однесуваме и ги решаваме проблемите на ист начин како пред 100 години. Не научивме да станеме поголеми луѓе од она што би требало да бидеме, се уште се занимаваме со ниски страсти, малодушност, малограѓанство. Тоа се работи кои треба да ги надминеме за да станеме подобро општество, порача режисерот на претставата, Ефтимов.
Тој истакна дека претставата ни дава можност да научиме повеќе за себе и за општеството во кое живееме и како да го подобриме.
Картите за фестивалот 5 РЕ ќе се продаваат по цена од 200 денари и можат да си купат само на билетарата на велешки театар, без нарачување, а едно лице не може да набави повеќе од четири карти. Организаторите најавија дека средствата од картите за премиерата ќе бидат доделени за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.