
Вечерва, со почеток во 18:00 часот, во салонот 19:19 во Културно Информативниот Центар во Скопје, Австриската амбасада во Скопје и програмата за лекторат ОеАД во Скопје, ве покануваат на сценско читање на германски јазик со австриската актерка Алис Шнајдер.
Дозволете да бидете однесени во време полно со креативни пресврти и уметничка страст! Овој настан претставува одлична прилика да се доживее литература на германски јазик и театарска уметност во Скопје