
Петтата самостојна изложба на фотографии на Виктор Бранѓолица се отвара на 6 јуни – петок – во 19 часот во ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин” – Скопје, Галерија КО-РА во голем салон.
Изложбата се состои од 25 дела – фотографии со наслов „Магепсани Соништа”. Делата се работени во 2025 година.
Виктор Бранѓолица има учествувано на 28 групни изложби во Италија, Словачка, Романија, Бугарија, Америка и Скопје. Досега има постигнато 5 самостојни изложби во Скопје, Загреб и Виена.
Во рецензија на делата на Бранѓолица, Виолета Калиќ дипл.историчар на уметноста вели дека естетиката на визуелизација на младиот и талентиран уметник, дизајнер и фотограф Виктор Бранѓолица е изблик од сеоблиство на пулсирачка животворна енергија преточена во изборот секвенци кои ја воспејуваат едновремено и природата и животот. Со вибрантна колоритна гама и хомогена текстура тој импресивно ја доловува егзотичноста на мигот, со сета структура на одбраните сегменти како „cadre de vivre“ оттргнати , самопоникнати или затечени фрагменти.Тие ја еменираат магичната фантазија на природата која авторот го плени и вдахновува.