Skip to main content

Ретроспективна изложба на Ита ТС Арт во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“

Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво.

Сакам на прилепската публика да и го пренесам моето творештво. Сликите се работени во различни периоди, акрил на платно се и на картон. Мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во мојот роден град – вели уметницата.

Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа.

Поврзани вести