Skip to main content

Работилница за креативно пишување во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“: Младите имаат што да кажат и знаат како! Наше е да ги слушаме и поддржуваме!

Ова што го најдов тука за мене не е бисер, туку дијамант, велат малдите креативци по одржаната Работилница за креативно пишување во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со Александар Русјаков.

Среќен сум што ме инспириравте да пишувам, а уште повеќе што јас инспирирав неколку другари да пишуваат;
Ова што го слушавме тука и целата посветеност (на Алек), не се среќава често, дури ни на училиште или на факултет;
Среќна сум што пишувам, тогаш се чуствувам жива и сакам така да се чуствуваат и тие што ќе (ме) читаат;

Русјаков ги нарече наша Антологија на иднината!

15-ина млади луѓе изминативе два месеци во нашата библиотека ги учеа основите на поезијата, прозата, драмското творештво, есејот и уште многу други жанрови и форми. Во исто време тие создадоа прекрасни творби на кои треба да се горди. Горди сме и ние!

Вчера беше нивната последна и многу емотивна средба.

Најважно од се’ – младите имаат што да кажат и знаат како! Наше е да ги слушаме и поддржуваме!

Вие сте нашата Антологија на иднината!