Skip to main content

Работилница за Европски мини слејт развојни проекти на потпрограмата „МЕДИА“ денеска во МКЦ

Министерството за култура и туризам – Канцеларија за Креативна Европа, во соработка со Фестивалот за креативен документарен филм „16. Македокс“, на 27 август 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), организира двочасовна работилница посветена на повикот за Европски мини слејт развојни проекти на потпрограмата „МЕДИА“.

Работилницата ќе ја водат хрватските експерти Тамара Бабун Зовко и Матија Дрниковиќ од продуцентската куќа Wolfgang & Dolly, кои имаат потврдено искуство во подготовка на апликации и имплементација на овој вид проекти.

Дополнително, по завршувањето на работилницата, како и на 28 август, продуцентите кои планираат да поднесат апликации во рамките на тековниот повик за Европски мини слејт развојни проекти (со краен рок за доставување на апликациите – 17 септември 2025 година) ќе имаат можност за индивидуални консултативни средби со експертите и со претставниците на нашата Канцеларија за Креативна Европа, одговорни за потпрограмата „МЕДИА“.

Информации за тековниот повик за Европски мини слејт развојни проекти на програмата „МЕДИА“ може да најдете ТУКА.

Оваа работилница е посебно наменета за оние продуценти што планираат да ги поднесат своите апликации на тековниот повик за „мини слејт“ проекти на потпрограмата „МЕДИА“, чиј краен рок за доставување на апликациите е 17 септември 2025 година.

Сите заинтересирани, своето учество може да го пријават на следниве електронски адреси: vladimir.stojcevski@ced.mk и natasha.dimitrievska@ced.mk

Поврзани вести