
Во сабота (19.07.25.), во 19.30 часот во кафе-барот Ликвид (во Охрид), ќе се одржи промоцијата на најновите книги на авторките Тина Иванова и Енис Хилми. Тие ќе ги претстават своите книги со раскази, споделувајќи со публиката дел од нивниот свет и од патот до приказните што ги создадоа.
Двете книги се изданија на Темплум, дел од етаблираната едиција Магма.
За книжевните остварувања ќе говорат Мерсиха Исмајлоска, Елизабета Шелева и Стефан Алијевиќ.