Skip to main content

Промоција на стихозбирката „Небото ми е дома“ од Катица Ќулавкова во Градската библиотека во Скопје

Ќулавкова за „Небото ми е дома“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2024 година, признание што го доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата. Претставувањето на книгата наградена со една од најголемите македонски поетски награди, именувана по струшките преродбеници, е децениска традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

                                      

В понеделник (26 мај) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на поетската книта „Небото ми е дома (духовна поезија)“ од Катица Ќулавкова. За книгата ќе говори проф.д-р Марија Ѓорѓиева-Димова, модератор е Александра Јуруковска, а стихови ќе интерпретира актерката Софиа Насевска Трифуновска.

Ќулавкова за „Небото ми е дома“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2024 година, признание што го доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

-Стихозбирката на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет“, стои во одлуката на минатогодишното жири за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Претставувањето на книгата наградена со една од најголемите македонски поетски награди, именувана по струшките преродбеници е децениска традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Промоцијата традиционално се одвива во спомен-собата „Т’га за југ“.

„Небото ми е дома (духовна поезија)“ е во издание на Струмичката православна епархија, со предговор на авторката Катица Ќулавкова и поговор на Игор Радев.

Поврзани вести