
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ том 2, последната книга од циклусот „Во потрага по загубеното време“ од Марсел Пруст.
Преводот на македонски јазик е на проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, а во издание на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
Промотори ќе бидат проф. д-р Ирина Бабамова од Катедрата за романски јазици и книжевности и проф. д-р Елисавета Поповска од Катедрата за романски јазици и книжевности.
Настанот се организира во соработка со Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и е дел од манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.