Skip to main content

Промоција на поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска вечерва во Охрид

Во Културниот центар „Култ“ во Охрид вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. Книгата ќе ја претстави писателката и универзитетска професорка Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Марија Филоска.

„Ткажалки“ е прва поетска книга на книжевната критичарка, новинарка и промоторка на културата, Александра Јуруковска. За ова дело таа лани ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобар необјавен поетски ракописи според Друштвото на писателите на Македонија.

Поврзани вести