
На 27 март во Музеј на град Скопје со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи промоција на едицијата Монографија 17 тома од Таки М. Павловски.
На промоцијата ќе се обрати директорот на музејот, Д-р Панче Велков, а за едицијата и авторот ќе говорат претставник од Министерството за култура, Корнелија Конеска, Директор на ОСТЕН и куратор на ОСТЕН биенале и цртеж, Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош и Ставре Џиков, публицист.