
Промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот, во кафе-книжарница „Буква“.
Милена Сиљаноска е писателка, поетеса и уредничка во Издавачки центар ТРИ, во чиешто издание е оваа стихозбирка. Голем дел од песните во неа се дел од поетскиот ракопис „Болопадание“ за кои се здоби со признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.
Сиљаноска има објавувано поезија и проза во „Современост“, „Зенит“, „Литературни искри“, во студентскиот весник „In medias res“, на „Окно.мк“ и „Медуза“.
„Ронлива“ е нејзин прв роман објавен во 2024 година.