Skip to main content

Промоција на „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева во МКЦ

В среда, на 18 февруари во 19 часот во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева. Промотори се Александар Маџаровски-Читачот и Виолета Танчева-Златева.

Ќе зборуваме за новиот роман на Јурчева „Ќе помине и Моќта“, во кој создава еден нов магичен свет во кој мислите и емоциите го имаат непобедливиот меч во борбата со животот. По преводите на Едгар Алан По и Толкин, потсетувајќи на нивниот неповторлив начин на пишување, Јурчева нè кани во приказната за младиот Адријан и неговиот чуден дар – патување низ тишината што крие тајни, низ светот што се распаѓа, низ моќта што е осудена да исчезне. Ве покануваме сите кои сакате да талкате без да се изгубите и секако – сите други кои не се плашите да испробувате нови патишта – вели организаторот.

Поврзани вести