
Денеска остварив средба со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан, соопшти претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Со мене тие ја споделија иницијативата за проектот „7/8 – Македонската ритмика“, чија цел е зачувување, афирмација и меѓународна промоција на еден од највредните столбови на македонскиот идентитет, македонската музичка ритмика.
За нив, специфичните непарни ритми, особено седум осминскиот, но и 9/8, 11/8, се знак за препознавање на македонскиот народ и на Македонците и истите треба соодветно да се заштитат.
Го делам мислењето на музичкото трио за потребата да се негува и штити автентичното македонско наследство и подготвена сум да ги подржам идеите и иницијативите од културен и национален интерес.

Македонски




