Skip to main content

Претставата „Замисли нов свет“, работена според делата на Горан Стефановски, а во режија на Нела Витошевиќ утре на сцената на МНТ

Претставата „Замисли нов свет“, работена според делата на Горан Стефановски а во режија на Нела Витошевиќ е утре на репертоарот на МНТ.

Овој театарски проект е своевиден омаж на магот на македонската драматургија Горан Стефановски а истовремено е проект на Телеком во соработка со МНТ, идеја на маркетинг-агенцијата Saatchi&Saatchi Скопје дел од Публицис Групацијата, инспирирана од творештвото на Стефановски, со кој ќе бидат заокружени активностите од иницијативата #НаправиМесто за 2024 година. Инаку, станува збор за шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона на театарот, овојпат во продукција на „Сектор Филм“ и копродукција на МНТ.

На најавната прес конференцијата, режисерката Витошевиќ ја опиша „Замисли нов свет“ како колаж од најпознатите цитати од творештвото на Стефановски, кои се вметнати во постмодернистички стил и збогатени со оригинални сонгови од Огнен Тасевски.

Театарот е арена каде што се судираат различни гледишта, а од публиката бараме да ја одбере својата вистина“, истакна Витошевиќ.

Драматуршка адаптација: Ана Ристоска-Трпеноска
Продуценти: Владимир Анастасов, Ангела Несторовска; Сектор филм

Организатор: Васил Трајковски
Композитор на музиката: Огнен Анастасовски
Сценограф: Константин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајчевска-Ристоска

Актерската екипа ја сочинуваат:

Игор Ангелов
Верица Недевска
Дамјан Цветановски
Филип Трајковиќ
Нина Деан
Ана Јовановска
Стефан Спасов
Антонио Ташковски

Поврзани вести