
Вечерва со почеток во 20 часот, Народен Театар Охрид ќе ја има својата нова премиера „Парите се отепувачка“, текст од Ристо Крле, адаптиран и режиран од Андреј Цветановски.
Актерската екипа ја сочинува Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре).
Следната изведба на претставата ќе биде на 5-ти ноември.
Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална: Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, велат од Народен театар Охрид,
 
                    
 
                         Македонски
Македонски







