
ПРЕМИЕРА – 16 октомври (четврток) , почеток 20 часот
РЕПРИЗИ – 17 октомври (петок) и 20 октомври (понеделник)
МАЛО НЕВИНО УБИСТВО
(црна комедија)
За авторот
Жан-Пјер Мартинез (1955) е еден од најизведуваните современи француски драмски автори. Автор е на повеќе од сто драмски текстови, преведени на многу јазици, во кои, со голема доза на хумор и иронија, ги прикажува противречностите на современото живеење. Мартинез ја наоѓа инспирацијата за своите текстови во трагикомедијата на секојдневието, создавајќи автентичен свет во кој живеат ликови кои се истовремено смешни, трагични и блиски. Неговите драми претставуваат комбинација на фарса и апсурд, продолжувајќи ја на тој начин традицијата на Француската драма, но истовремено, правејќи ја и достапна за глобалната публика. Комедиите на Мартинез предизвикуваат смеа, но и подлабоко разбирање на состојбата на човекот во современиот свет.
Комедијата „Мало невино убиство“ е втора негова драма поставена од Велешкиот театар.
За претставата „Мало невино убиство“
Црна комедија во која една, навидум, мала и наивна лага, води до сплет на настани, кои брзо, излегуваат од контролата на трите главни лика. Секој обид да се скрие вистината, уште повеќе ги комплицира нештата, водејќи до апсурдни ситуации, комични недоразбирања и шокантни откритија. Со многу досетливи заплети, црн хумор и ситуации кои ќе ве држат „на нокти“, комедијата „Мало невино убиство“ претставува возбудливо и смешно истражување на човечката глупост и непредвидливоста на измамата. Уживајте во претставата во која смеата и драмската тензија се испреплетуваат на најнеочекувани начини!
Автор: Жан-Пјер Мартинез
Режија и избор на музика: Деан Дамјановски
Сценографија и дизајн на плакат: Филип Коруновски
Фотографија: Крсте Шупев
Играат:
Алан – Васил Зафирчев
Ева – Кети Борисовска
Ема – Талија Настова
Гласот на нараторот – Сашко Костов
Инспициент: Славиша Ѓеоргиев
Суфлер: Орхидеја Дукова
Технички раководител: Никола Игнов
Светло: Марјан Тодоровски, Зоранчо Јордев
Тон: Сашко Костов
Гардероба: Јулија Ангеловска
Реквизитер: Благој Илиев
Декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски