Skip to main content

По загубата на Симеон Чулев, „Танец“ го откажуваат годишниот концерт

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, известува дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нивниот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.

Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаат дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога изгубиле една од нејзините најсветли фигури, велат од ансамблот.

Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите. За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.

Поврзани вести