
Детската балетска претстава „Петар Пан“, која ќе се изведе на 24 март од 19 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе биде од хуманитарен карактер, објавија од Операта.
Средствата од претставата ќе бидат донирани во Фондот за настраданите граѓани во трагичниот настан во Кочани“, велат од Операта.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ. Кореограф е Џејмс Амар од Франција, сценограф Зоран Костовски, а костимограф Марија Пупучевска. Репетитори се Дафина Данилоска-Кочевска, Саша Евтимова, Киро Павлов и Билјана Басмаџиева-Ковачевски.