![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/ljubenje-so-stihovi-4.jpg)
На 14 февруари, од 19.30 часот во кафе-галерија „Лувр“, ќе се одржи петтиот по ред поетски перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.
Станува збор за настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.
Овојпат, освен стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на љубовта како Калил Џибран и Жак Превер, љубона поезија на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како и поезијата на прилепските автори Сузана Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/ljubenje-so-stihovi-5-1024x577.jpg)
Покрај тоа, ќе ви прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и делата на нашите омилени поети. Во име на виното и љубовта, се гледаме на 14 февруари во „Лувр“-велат организаторите.
Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.