Skip to main content

Патување преку збор со поезијата на Тихомир Јанчовски во книжевниот клуб Утопија во Битола

Коста Дупчинов/ книжевен клуб Утопиа

Синоќа во УТОПИЈА – не беше само читање.

Беше патување. Преку збор. Преку време. Преку Тихомир Јанчовски.

42 книги. 15 јазици. Безброј животи во еден човек.

Слушавме поезија и проза, актерите Маја и Игор им дадоа глас на стиховите.

Јасмина ги отвори прозорците на прозата.

Тихомир нè воведе во неговите преводи.

Несреден век, Граматика на љубовта, Патина, Монахот Калист…

Звучат како наслови на книги? Да.

И звучи како живот? И тоа како.

Ви благодариме што ја живеевте оваа вечер со нас.

Во книжевниот клуб UTOPIA, каде зборот не е тивок, туку точен

фотограф | Коста Дупчинов

Поврзани вести