Skip to main content

Оживување на заедниците: Моќта на одржливиот туризам и културата – тренинг, дебата и ВР искуство

Перипетија продукција

На втори јули од 20 до 22 часот, во Јуроп Хаус Струга во рамките на проектот ПРОСПЕР (Прототип за оджливи резиденции на периферии) ќе се одржи тренинг под наслов „Reviving Communities: The Power of Sustainable Tourism & Culture“ („Оживување на заедниците: Моќта на одржливиот туризам и културата“) под водство на Катерина Василеска; како и ВР перформанс под наслов „Ехо од длабочината“, во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков.

Тренингот ќе се одвива на англиски јазик и ќе понуди едукативна и интерактивна содржина фокусирана на улогата на одржливиот туризам и културните иницијативи во развојот на локалните заедници. Програмата вклучува примери како што се: уметнички резиденции, културни колонии и фестивали, кои претставуваат иновативни алатки за јакнење на заедниците и поттикнување на креативна и одговорна туристичка понуда.

По тренингот следува Отворена дискусија, инспирирана од темите на сесијата, со фокус на образование, развој на вештини и иновации во областа на одржливиот и алтернативниот туризам. Дискусијата ќе се одвива во хибриден формат со цел размена на искуства и идеи.

Во продолжение, посетителите ќе имаат можност да го погледнат имерзивниот ВР перформанс „Ехо од длабочината“ кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува тоа.

Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура и туризам.