
Од вечерва (6 февруари), на репертоарот на Велешкиот театар е претставата „Не можеме да платиме, нема да платиме“ од Дарио Фо, во режија на Елеонора Теова, а во драмска обработка на Катерина Момева. Таа имаше затворена премиера на почетокот на декември, а ќе се игра на малата сцена.
Драмата ‘Не можеме да платиме, нема да платиме‘ е една од најострите и најживи сатирични комедии на Дарио Фо, во која хуморот не служи како бегство од реалноста, туку како нејзино безмилосно огледало. Преку фарса, гротеска и апсурд, Фо отвора сериозни прашања за економската неправда, класната нееднаквост и лицемерието на институциите во современото општество“, соопштија од театарот .

Македонски



