
26-ти Интернационален Фестивал на Монодрама – Битола , соопштија организаторите.
„Еден Збор, Еден Свет“ – што може да значи само еден збор?
Може да биде почеток – на приказна, на живот, на сцена што оживува пред нашите очи.
Може да биде експлозија на емоции – радост, тага, копнеж, љубов.
Може да биде тишина што зборува гласно, шепот што го менува светот.
Монодрамата е токму тоа – уметност во нејзината најчиста форма. Само еден актер, само еден збор, а сепак – бескраен свет на можности.
Оваа година, на 26-тиот Интернационален фестивал на монодрама – Битола, зборовите ќе создаваат универзуми. Гласовите ќе раскажуваат приказни што ќе нè однесат далеку, а сцената ќе биде портал кон бесконечна имагинација.
Од 17 до 23 мај 2025, Битола станува центар на светот на монодрамата!