Skip to main content

Од 11 до 13 септември во паркот во Ѓорче Петров ќе се одржи фестивалот „Еволуција на сонот“

Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Фестивалот носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма на изразување.

Фестивалот има корени од 2016 година, кога старата куќа на Рузвелтова 44а беше претворена во уметнички простор пред нејзиното рушење. Деветте соби на дебармаалската куќа беа насликани со мурали од реномирани уметници, придружени со концерти и перформанси, оставајќи магично искуство за посетителите.

Подоцна, проектот продолжи во Кинотеката на Македонија со музичко-визуелни настапи и изложби. Ова е негово трето издание, но прво во форма на урбан фестивал што ќе продолжи да расте и да се надградува во наредните години.

Програма на фестивалот

11 септември – Отворање (20:00 часот)Фестивалот ќе започне во соработка со уметничкото движење Palomart од Неапол.Ќе настапат уметници и музичари од Португалија, Бразил и Италија со liveаудио-визуелни перформанси, концерти, DJ сетови, уметнички инсталации имурална уметност.

12 септември – Урбана култура и младиДен посветен на слободата на изразување преку музика, танц и визуелна уметност.Ќе има перкусионистичка работилница со бразилски уметник, liveграфити-перформанси и DJ сетови на Oky Doky, Double G, Аце КН и други.Атмосферата ќе биде збогатена со урбани активности и спортски натпревари.

13 септември – ФузијаЗавршниот ден ќе донесе концерти на Џун и Пијан Славеј, кои ќе ни ја пренесатсвежината на еден нов музичко-поетски формат што носи поразличен звук намакедонската сцена.

Платформа за култура и заедништво„Еволуција на сонот 2025“ претставува урбано, музичко и уметничко доживување кое ги обединува различните култури и генерации, создавајќи платформа за дијалог, инспирација и заедништво.

Поврзани вести