Skip to main content

„Носорози“ во режија на Васил Василев на Албански театар на 12 февруари

Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје ќе ја прикажат театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Албанскиот театар – Скопје.

„Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и моќна алегорија за искушението на конформизмот.

Оваа нова продукција на Албанскиот театар од Скопје е во режија на Васил Василев (Бугарија) и нуди современ сценски пристап кон овој култен текст од минатиот век. Претставата е верна на оригиналниот текст, но истовремено отвора простор за размисла за актуелните општествени предизвици.

Претставата ќе се игра на албански јазик, со превод на македонски и француски јазик.

Влезот е бесплатен, а билетите ќе бидат распределени по претходна потврда на присуството.

Резервација на билети на следниот линк : https://forms.gle/dqMjr4C3ipWwewTv8

Поврзани вести