Skip to main content

Ништо не спојува како културата, порача Васко Шутаров, директор на Македонскиот КИЦ во Белград

Културата е една од дејностите која има најмногу дефиниции.185 дефиниции се направени за културата. Но, во тие 185 дефиниции за културата многу често се повторува дека културата е срце на народот, за други културата е душа на народот, за трети културата е дух на народот, за четврти културата е и ум и разум на народот. Некој цинички запишал дека културата е три проценти талент, а 97 проценти работа, работа и работа… што значи дека културата е тешка физичка работа, посочи на денешното свечено отворање на Македонскиот КИЦ во Белград, директорот Васко Шутаров.

Ништо не спојува како културата, било да се блиски народи како што се македонскиот и српскиот или подалечни. Културата е таа ненаметлива општествена дејност што ги содржи сите овие својства и срце и ум и разум и душа и дух. Тоа што згрижува ненаметливо е тоа што носи и емоции. Овој дом на македонската култура во Белград ја има единствено таа мисија за цел и само по таа патека ќе одиме. Да ги збогатиме содржините на и онака динамичната културна соработка меѓу двете држави колку што можеме подобро. Се надевам дека наскоро и Република Србија ќе основа свој културен центар во Скопје и во тој случај ќе имаме поголема динамика на културна размена на двете држави, рече Шутаров.

На вечерашното свечено отворање присуствуваа македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески и потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ.

Пригодната програма на отворањето беше насловена „Ајде, слушај, слушај…“ при што настапија Зарина Првасевда, и специјалниот гостин Васил Хаџиманов.


Во македонскиот КИЦ во Белград беше поставена и ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

Поврзани вести