
Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од Скопје која лани прослави 80 години постоење и работа е значајна како институција која ја има својата примарна функција на заштита на македонското национално книжевно богатство. Нашето културно наследство како книжевен фонд е нашиот идентитет како држава, потенцира денеска за МИА, Јовица Никчевски директор на НУБ „Свети Климент Охридски кој на денешната 5. Меѓунродна конференција на библиотекари оргнизирана од библиотекарското здружение на Македонија на тема „Услуга за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“ ја прими висока плакета за поддршка и соработка.
-Не е можно држава без национална библиотека, а во нашата држава тоа е НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Националната библиотека игра клучна улога во зачувување и промовирање на идентитетот, како и во однос на зачувување на македонскиот јазик, потенцира Никчевски.
Додава дека нивниот книжевен фонд кој постојано се збогатува постои уште пред 80 години кога директор бил велешанецот проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов. Фондот во војната се пренесувал во манастири и други места, а потоа и за време на поплави и земјотреси , а се со цел да се зачува како национален книжевен фонд на Македонија.
Тој информира дека во моментот имаат над 3 милиони библиотечни единици и над еден милион дигитални единици, односно дигитален фонд.
Дел од македонското културно наследство се словенски ракописи од 13 век кои се најстарите зачувани ракописи кои ги поседува НУБ „Свети Климент Охридски“, воедно поседуваат и стари печатени ретки книги од 1800 – тата и некоја година.
-Во однос на лицата со посебни потреби постојано правиме инклузија на тие лица наши членови да можат да ги користат и нашите услуги.Тука имаме и Центар за слепи и слабовидни лица кој одлично функционира, а на лицата со попреченост им доставувам книги и публикации и до дома.Така ние како НУБ „Свети Климент Охридски“ правиме големи напори за инклузија на тие лица да им овозможиме користење на нашите услуги на Националната библиотека, потенцира Никчевски.