Skip to main content

Националниот џез оркестар вечерва на свеченото отворање на „Гевгелија – град на културата“

Министерство за култура и туризам

Вечерва, на 11 април, со почеток од 19,30 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“.

На Градскиот плоштад во Гевгелија, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена.

Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг-бенд состав, а публиката ќе ужива и во врвните изведби на членовите на биг-бендот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти, покрај членовите на биг-бендот ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.

Поврзани вести