Skip to main content

На 13 јуни во Градски парк во Скопје ќе се одржи годишниот концерт на Филхармонија со песни од анимирани филмови на „Дизни“

Фејсбук профил на Филхармонија

На 13 јуни, во 20,30 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Филхармонија под наслов „Фантазија“ на кој диригент ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија.

На програмата ќе бидат познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“ и тоа: „Малечката сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Кралот лав“, „Снежно кралство“, „Покахонтас“, „Херкулес“, „Приказна за играчките“, „Книга од џунглата“, „Аладин“.

Како солисти ќе пеат Биљана Јосифов (сопран), Денис Димовски (тенор) и Иван Наумовски (бас-баритон).

Поврзани вести