
Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска, велат од МТФ „Денови на комедија“
Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата.
Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.