
На Светскиот ден на театарот 27 март, започна четвртото издание на фестивалот посветен на великанот Петре Прличко, во организација на Здружението на граѓани “Плус публика”.
Денес во сенката на големата трагедија што се случи пред десеттина дена во Кочани, го славиме 27 Март, Светскиот ден на театарот. Всушност го славиме симболот на човечката креативност, ја славиме слободата, ја славиме сцената која е огледало на нашиот дух, на нашите соништа, на нашите стравови и надежи, на нашите падови и подеми, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој го прогласи за отворено четвртото издание на Фестивалот.
Тој посочи дека театарот во својата појавна форма никогаш не бил и никогаш нема да биде само простор за актерска изведба.
Тој е гласот на колективното искуство, тој е жив организам што пулсира во ритамот на времето. Од античките трагедии, па се до најсовремените форми на изразување во тетарот или во сите експериментални дела од театарот, театарот сведочи за наташа вечна потрага по разбирање. Преку секоја реплика, преку секое движење, преку секоја емоција или една единствена солза или чисто само молк тој не потсетува дека човечката приказна е најважната и најмоќната форма на комуникација. Тука, единствено на сцената, зборот ја има најголемата тежина, емоцијата станува опиплива, а вистината прозвучува од секој агол. Вовреме на брзи технолошки промени и виртуелна реалност, театарот останува незаменлив организам, за културното опстојување на општеството. Тој не само што нѐ потсетува на важноста на непосредниот контакт, туку и неуморно нѐ повикува да размислуваме, да чувствуваме и да дејствуваме. Театарот постои за да не критикува како поединци, за да го критикува општеството, за да ги критикува функциите, не за да им се исмејува, постои и не критикува за да станеме подобри луѓе и за подобро да се разбираме. Во светот каде што зборовите во овој свет најчесто губат тежина, театарот секогаш ја враќа нивната суштинска моќ. И честитајќи го денешниов ден, сакам да им оддадеме признание на сите режисери, драматурзи, актери, сценографи, костимографи и техничари – на сите што го прават театарот возможен, но најмногу сакам да им го честитам на оние невидливи уметници кои се позади сцената, горе во кабините, светло мајсторот, тон мајсторот, суфлер, реквизитерот, инсипициентот и би сакал да им дадеме еден огромен аплауз. Нека Светскиот ден на театарот биде потсетник дека уметноста има моќ да нѐ обедини, да нѐ поттикне и да нѐ воздигне.
Како што кажав од антички драми, па се до најсовремените форми на изразување во театарот, Велес е единствениот град кој што ги има и двете форми- има фестивал на античка драма и имаме современ фестивал, современ театар, а тоа е фестивалот на популарни претстави „Петре Прличко“ на кој сум посебно горд што веќе по четврти пат успешно се случува.
Ја имам таа чест, денес овде пред вас, да го прогласам четвртото издание на фестивалот „5ре “ за отворено, рече Љутков.

Во рамките на фесивалот се доделува награда за животно дело на актерката Слободанка Чичевска, која веќе четири децении е дел од велешки театар и има одиграно бројни претстави, со кои продолжува да остава белег и понатаму.
Стартот на фестивалот „5ре” се означи со претставата „Госпоѓа Министерка”, продукција на Театар „Ј.Х.К.Џинот”, во режија на Синиша Ефтимов, со која актерката Зорица Панчиќ одбележува 30 години кариера во велешки театар.
Освен театри од земјава, годинава на фестивалот за првпат ќе учествуваат и театри од Србија и од Црна Гора. На затворањето на фестивалот, на 16 април, за првпат ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка улога, за најдобра претстава и најдобра режија, а наградата е плакета со ликот на Петре Прличко и благодарница.
Билетите се во продажба на билетарата во театарот, а средствата собрани од продажба на билетите од отворањето на фестивалот ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.
Ова е целосната програма за овогодинешното издание на фестивалот.
27 март 2025 година (четврток)
„Госпоѓа Министерка“ (ПРЕМИЕРА)
Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Велес
Режија: Синиша Ефтимов
Почеток: 20 часот
3 април 2025 година (четврток)
„Лошо куче“
Stand-up на Никола Тодороски
Почеток: 20 часот
4 април 2025 година (петок)
„Покојник“
Црногорско Народно Позориште
Режија: Егон Савин
Почеток: 20 часот
5 април 2025 година (сабота)
„Секс, лаги и љубомора“
Народен Театар Охрид
Режија: Коле Ангеловски
Почеток: 20 часот
10 април 2025 година (четврток)
„Капетанот Џон Пиплфокс“
(музичка претстава за деца) – Мак Данс Студио
Режија: Горан Илиќ
Почеток: 18 часот
11 април 2025 година (петок)
„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“
Народно Позориште Ниш
Режија: Игор Павловиќ
Почеток: 20 часот
12 април 2025 година (сабота)
„Фамилија Адамс“
Драмски Театар Скопје
Режија: Теа Беговска
Почеток: 20 часот
14 април 2025 година (понеделник)
„Мис Стон“ – (проекција на филм)
Кинотека на РС Македонија
Почеток: 20 часот
15 април 2025 година (вторник)
„12“
Македонски Народен Театар
Режија: Синиша Ефтимов
Почеток: 20 часот
16 април 2025 година (среда)
„Широк дијафазон“
Stand-up со Сашко Коцев
Почеток: 20 часот