Skip to main content

Меѓународна научна конференција „Книжевни проекци 2025: Година на значајни јубилеи“

Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува Меѓународната научна конференција „Книжевни проекции 2025: Година на значајни јубилеи“.

Работата по сесии се одвива во салата за седници на Институтот за македонска литература во два работни дена, вчера и денес.

Концепт на конференцијата е четвртата деценија на 20 век, период во којшто се родени многу од авторите што ќе придонесат за жанровската, поетичката и стилистичката разновидност и развој на современата македонска книжевност, како и за богатството на теми и мотиви. Тоа се авторите што креираат исклучителни книжевни светови – Георги Сталев Поповски, Димитар Солев, Ката Мисиркова Руменова, Симон Дракул, Бистрица Миркуловска, (95 години од раѓањето), Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Слободан Мицковиќ, (90 години од раѓањето), Лилјана Белева, Гордана Михаилова-Бошнакоска (85 години од раѓањето) и други.

Целта на конференцијата е со актуализација на посочените автори да се истакнат нивното значење за развојот на македонската книжевност и нивното влијание на актуелните книжевни процеси, притоа опфаќајќи теми и за други македонски автори, коишто не се поврзани со јубилеј но твореле во периодот на 20 век, што може да се види во подготвената програма.

Поврзани вести