
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентство на Рамадан и Ерхан Шукри од денеска до 13 мај ќе гостува во Хрватска.
На 10 мај, мандолинскиот оркестар ќе учествува со целовечерен концерт на мандолинскиот фестивал во Омиш, а следниот ден, на 11 мај, ќе одржи целовечерен концерт во Загреб.
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со својата младост, ентузијазам и јвалитет преставува достоен културен амбасадор на нашата држава, се наведува во најавата за гостувањето.