Факултетот за ликовни уметности (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје) ве поканува на отворањето на изложбата на студенти на Факултетот за ликовни уметности дела на хартија „Мал формат“.
Изложбата ќе се отвори на 16 декември 2024 година (понеделник) со почеток во 19:30 часот во Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – објект Сули ан во Скопје.
Оваа изложба се организира од 1990-те години, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, дел од вонвременскиот објект и споменик на културата – Сули ан.
На изложбата ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални техники. Целта на оваа изложба е да ги афирмира изразните можности на малиот формат во современата ликовна практика.
На изложбата со свои дела учествуваат студентите од сите катедри на Факултетот за ликовни уметности, Скопје.
Во организација на настанот и оваа година ќе даде свој придонес Институтот Данте Алигиери од Скопје.
Изложбата е од продажен карактер и ќе трае до 30.12.2024 година
Работно време на галеријата: понеделник – петок (9 – 17 часот)