Skip to main content

Македонија и Србија потпишаа нова програма за понатамошно продлабочување на културните врски

Министерство за култура и туризам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во средата во Крушево оствари средба со својот српски колега, Никола Селаковиќ. На средбата беа потенцирани одличните односи меѓу двете држави, со акцент на пријателството, традицијата и континуираната културна соработка.

Двајцата министри потпишаа и нова, „Програма за соработка во културата 2026–2030“ која беше посочена како рамка за понатамошно продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

фото: Министерство за култура и туризам

Во фокусот на разговорите беше улогата и успешното работење на македонскиот културен центар во Белград, каде во пресрет на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, оваа година, е најавена реализација на повеќе културни проекти меѓу кои „Форум за културна дипломатија“, изложби и музичка програма инспирирана од народната традиција.

На средбата беше разгледана и континуираната поддршка на македонската заедница во Србија и српската заедница во Македонија, како и заедничките активности во рамки на Форумот на словенските култури, со проектот „100 словенски романи“ и музејската работилница која е планирана да се одржи во септември 2026 година во Охрид.

Министрите Љутков и Селаковиќ, престојот во Крушево го искористија за посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот.

Поврзани вести