Skip to main content

 Литературна вечер во Македонскиот КИЦ во Тирана со Наташа Сарџоска

Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска. 

– Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на  албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност, објави Амбасада на РСМ.

Присутните ги поздрави вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а интервјуто со писателката го водеше директорката на КИЦ Тирана – Ема Попивода.

– Наташа прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со голем емотивен набој, кој ја растрепери публиката превод од поезијата, на албански јазик,  прочита познатата уметница Наташа Бега.

Се посочува дека амбасадата и КИЦ ќе продолжат со активности во афирмацијата на убаво напишаниот македонски збор и културни вредности.

Поврзани вести