Skip to main content

Јоана Сарафимовска е нова в.д. директорка на кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“

Фејсбук профил на Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Јоана Сарафимовска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Тодоровски.

Сарафимовска, дипломиран филолог по турски јазик со македонски јазик, беше вработена во установата, каде работи како стручен соработник за драмска дејност. Нејзиното именување е извршено од страна на Министерството за култура и туризам, со одлука на министерот Зоран Љутков.

Во исчекување сме на програмските активности опфатени во годишната програма, кои наскоро треба да ги добиеме од Министерството за култура и туризам. Ќе се водиме по програмата и ќе ги реализираме сите фестивали. Се надеваме дека ќе понудиме квалитетна програма за нашата публика, изјави Сарафимовска.

Од установата најавуваат дека и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на реализација на планираните културни настани и одржување на континуитетот во програмската понуда за граѓаните.

Поврзани вести