
Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје вечерва ја отвора изложбата: „Поетика на параметарската форма“, денес во Галеријата Метаноја, со почеток во 19:00 часот.
Изложбата претставува завршна фаза и резултат од истражувачки процес во рамки на работилница од областа на архитектонските технологии, под менторство на вон. проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ. Преку примена на напредни софтвери, учесниците истражуваа односи меѓу параметарската логика, концептуалното размислување и уметничка експресија во архитектурата.
Ќе имате можност да видите оригинални графички композиции, цртежи, 3D модели и визуелни структури што го отсликуваат современиот дискурс на алгоритамско обликување и неговата естетска димензија.
На изложбата ќе се промовира и стручна публикација со резултатите од работилницата.