
Во Македонскиот културен центар во Тирана следува тактилнаѕа изложба “Допирот на уметноста од Битола”, информира директорката на Македонсиот КИЦ во Тирана, Ема Попивода.
НУ “Завод и Музеј Битола” прикажува 12 тактилни предмети кои се соодветни технички опремени. Посетителите ќе имаат можност да ја доживеат изложбата преку допир, како и преку снимени аудио приказни.
Оваа изложба има за цел да ги доближи богатото македонско културно наследство до лицата со оштетен вид, како и до широката јавност.

Македонски



