
Со длабока тага ја известуваме јавноста дека по кратко боледување почина нашиот долгогодишен директор и културен работник, Никола Глигоров, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност Скопје „Скопско лето“.
Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот.
Последниот поздрав ќе се одржи утре во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските.
Нека му е вечна слава.
Дирекција за култура и уметност – Скопје

Македонски



