
Имаме чест да Ве поканиме на отворањето на голема ретроспективна изложба на дела изведени во јавен простор на хрватскиот уметник Игор Грубиќ на 29 мај (четврток) во 20 часот во МСУ Скопје.
Насловена како „Гестови на активација – дела во јавен простор“, големата самостојна изложба на Игор Грубиќ ќе претстави ретроспективен поглед на творештво на уметникот, дела создадени во повеќе медиуми од крајот на деведесеттите години до денес. Неговите дела, од минимални гестови во форма на текст, фотографија или перформанс, до проекти што имаат вон-уметнички цели, ќе бидат поставени во МСУ-Скопје.
Сите слики: Игор Грубиќ