Skip to main content

ФОТОГАЛЕРИЈА: Драмски прослави 80 години со „Мачкина глава“, која е 461 премиера од постоењето на скопскииот театар

Драмски театар

Со праизведба на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје синоќа, на 21 април прослави 80 години од постоењето. Ова е, како што кажа директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, е 213-та премиера во Драмски од осамостојувањето до денес, или 461-ва премиера во 80-годишното постоење на скопскиот театар.

фото: Драмски театар

На 21 април во 1946 година, е изведена првата детска претстава „Силјан Штркот“ на сцената на тогашниот МНТ, во режија на Петре Прличко, со што била отворена куклена сцена во рамките на МНТ. Во текот на децениите, театарот минувал низ повеќе трансформации – од Куклена сцена, преку Градски куклен театар и Младинско-детски театар, до денешниот Драмски театар, кој од 1967 година го носи сегашното име и се позиционира како една од најзначајните театарски институции во земјата. „Мачкина глава“ е 461 премиера на Драмски, кажа Вељановски во обраќањето пред присутнатата публика во Драмски театар.

Роберт Вељановски, директор на Драмски театар

Поранешни и актери од актуелниот ансамбл на Драмски театар, режисери, театарски работници, министри, градоначалници од скопските општини, поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов беа меѓу присутните гости синоќа во Драмски.

Директорот на Драмски театар Роберт Вењановски со писателот Венко Андоновски со семејството

Во претставата играат: Рубенс Муратовски, Билјана Драѓиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, Игор Англов, Сања Арсовска, Златко Митрески и Предраг Павловски.

Министерите Златко Перински, Зоран Љутков, Панче Тошковски

​Огромен јубилеј, не само за Драмскиот театар, огромен јубилеј за македонскиот театар, огромен јубилеј за македонската култура. Драмскиот театар е најрелевантната македонска театарска куќа, докажано со освоени награди и признанија. Во поранешната Федерација, сè што било можно да се освои, го има освоено Драмски театар. Да не зборувам за она што е фестивал или награда во Република Македонија. Драмскиот театар е одликуван од двајца претседатели: во 1976 година од Јосип Броз Тито – тоа е „Златен орден за заслуги за народ со златна ѕвезда“, и во 2016 година од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Драмскиот театар е одликуван со „Орден за заслуги за Македонија, рече Вељановски.

Поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, скулптор е Ангел Петровски, музиката на Горан Трајкоски.

Професорката на ФФК Наташа Мешковска и актерката Јелена Жугиќ
Ана и Силвија Стојановски
Режисерот Јани Бојаџи
Актерот Диме Илиев
Актерот Благоја Чоревски

Поврзани вести