
Есенската културна програма на Францускиот институт во Скопје започнува уште на 9 септември, со изложбата на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, насловена „Француски траги – Лична историја на гледањето“ и разговор со авторот.
Уметникот создава своевидна лична мапа на сеќавања, влијанија и траги што француските уметници, поети, музичари, филмски автори и мислители ги оставиле врз неговиот творечки пат и врз начинот на кој го гледа и разбира светот.
Резервирајте го вашето место на: https://forms.gle/Et9emq9nyX9Hkazr7
А веќе следниот ден, во четврток, 10 септември, ве очекуваме на Денот на отворени врати во Францускиот институт , филмски проекции , средби и активности и работилници по повод почетокот на новата културна сезона и новата учебна година.
Целосната програма е достапна на www.ifs.mk

Македонски

