Skip to main content

Драмски театар со „Гидионовиот јазол“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево

Драмски театар / Билјана Драгиќевиќ Пројковска во „Гидионовиот јазол“

Драмскиот театар со претставата „Гидионовиот јазол“ на 16 мај ќе гостува на фестивалот РУТА во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 12 до 17 мај, во организација на „Камерен театар 55“, се одржува босанско-херцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, инспициент Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.
Улогите ги играат актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Ања Митиќ, како и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша Димитриевска, Леа Стојков, Мина Ѓаку, Ина Прокоповска, Катја Бешлиева, Бистра Стефановска, Јана Нешевска, Матеј Марковски и Јоанис Далајоргос.

Поврзани вести