
„Друга приказна“ е насловен книжевниот фестивал кој до 6 септември се одржува во Културниот центар „Јадро“ во организација на книгоиздателството „Темплум“.
Во трите фестивалски денови се реализираа десетина програмски содржини: изложба и промоција на списанието „Маргина“, три предавања, два разговори како дел од форматот „Помеѓу двајца (цел еден свет)“, два разговора во рамките на читачкиот клуб „Одрадек“, неколку книжевни настапи на гостите и музички концерт.
Организаторот соопшти дека лауреат годинава е хрватскиот писател Роберт Перишиќ, кому му беше доделена главната награда на фестивалот.
Настаните се одвиваат секој ден, од петок до недела, од 18 до 22 часот. Ќе учествуваат луѓе од нашата земја и од регионот. Преку ден граѓаните по намалени цени ќе можат да купуваат книги од книгоиздателството „Темплум“, кое го организира фестивалот „Друга приказна“, се наведува во соопштението

Македонски



